Зимска „бомба“ за имунитетот богата со минерали и витамин Ц

Сподели со своите пријатели

Во зима потребно е да се води сметка за здрава, урамнотежена исхрана, богата со витамини, минерали и хранливи материи.

Loading...

Со физичка активност и правилна исхрана го правиме најдоброто нешто за сопствениот имунитет и неговиот одбранбен механизам, особено кога сме изложени на вируси.

Вистинско време е да се комбинираат состојките и да се подготват здрави пијалоци кои се пијат како ужина, го детоксифицираат организмот и природно не штитат од болести. Идеална комбинација е кога ќе вклучиме храна богата со цинк, но и различни витамини.

Овошјето кое секогаш е добар избор се јаболката, богати со цитамин Ц, потоа, уште еден моќен извор на овој витамин: цитрус, како што се лимоните и портокалите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што се случува со телото кога спиеме неколку часа помалку?

Кога ќе додадете ѓумбир, кој има антиинфламаторно и антивирусно дејство, а помага и при мачнини и настинки, сте ја постигнале идеалната комбинација.

Овој рецепт ќе содржи и еден од најздравите зеленчуци, морковите, како зачин од куркума, кој помага во спречување на воспалителни процеси, какаото, кое е значаен избор на железо, цинк и други минерали. Друг извор на цинк и влакна е лененото семе.

 

Loading...

 

Состојки:

3 лимони и 3 портокали

4 јаболка

5 моркови

лажица рендан ѓумбир

2 лажички ленено семе

2 лажички какао

Loading...

2 прстофат куркума

Подготовка:

Јаболката и морковите исечкајте ги, па додадете ги исцедените сокот од лимон и портокал. Додадете ги сите останати состојки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали е здраво да се пие чоколадно млеко? Еве што велат истражувањата!

Додадете 300 мл вода и измешајте во блендер. Сокот може да остане во фрижидер околу три дена.

Пијте го секојдневно. За посладок вкус додадете малку мед.