ЖРК Куманово впиша прва победа во новата сезона (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово ја забележаа првата победа во новата сезона од Супер женската лига, совладувајќи го составот на Астибо со 25-19 (11-8) во натпревар од второто коло.

 

 

Дуелот се играше во рамноправно прво полувреме, во кое кумановки постепено ја градеа предноста и на пауза заминаа со водство од три гола разлика (11-8).

 

 

Во продолжението избраничките на тренерот Славиша Димитриевски го контролираа резултатот, а во завршницата со сигурна игра го потврдија триумфот.

 

 

Најпрецизни во редовите на Куманово беа Росана Павлова со седум погодоци, а еден гол помалку реализираше Бразилката Силва Азеведо.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР прогласи жолт метео аларм: Пороен дожд, грмежи, засилен ветер и невреме

 

 

Кај Астибо најдобра беше Марија Анцева со 11 гола.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски