ЖРК Куманово во финале на Купот на Македонија (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Женскиот ракометен клуб Куманово обезбеди место во големото финале на ракометниот Куп на Македонија, откако вечерва го совлада тимот на Металург со 29-22 во второто полуфинале.

Loading...

Ракометарките на тренерот Ненад Краљевски водеа во текот на целиот натпревар, иако Металург во првите 20 минути од играта не дозволуваше поголема разлика. По 15:!0 на полувреме, вториот дел од средбата помина во целосна доминација на кумановки кои само ја зголемуваат предноста и славеа пласман во финале.

Со девет гола најефикасна беше Ана Шарановиќ, со гол помалку Сања Дабевска, а шест погодоци реализираше Боризовска. Извонредна одбрана имаа голманките Ивана Дичковиќ и Ивана Наумовска.

Loading...

Во тимот на Металург со 7 гола најефикасна беше Калајџиевска, а со пет погодоци Гичевска.

Во финалето ЖРК Куманово во сабота ќе се сретне со актуелниот шампион Вардар. Мечот ќе се одигра со почеток во 16 часот во Спортска сала Куманово, а домаќинот веќе ја има предноста што ќе настапува пред својата публика.

https://www.facebook.com/kumanovskimuabeti1/videos/2122310464726356/

Leave a Reply