ЖРК Куманово утре го пречекува Пелистер

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово утре со почеток во 20:30 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ ќе го пречекаат составот на ЖРК Пелистер од Битола во рамките на 19то коло од женската прва лига на Македонија.

Loading...

Натпреварите помеѓу овие два тима секогаш се интересни и резултатот е неизвесен, но засилувањата од оваа сезона кои ги има Куманово во своите редови им ја даваат фаворитската предност, покрај домашниот терен.

Моментално кумановки се на втората позиција во табелата, веднаш зад Металург кој и натаму го држи првото место.

Leave a Reply