ЖРК Куманово утре го пречекува Ѓорче Петров

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово утре го пречекуваат составот на Ѓорче Петров во рамките на деветиот натпревар од плеј оф завршницата во домашниот шампионат.

Loading...

Ова ќе биде дерби натпревар од кој ќе зависи дали составот на Ѓорче Петров ќе ја зацврсти првата позиција во табелата или ќе го загуби статусот на непобедливите токму од кумановки.

Екипата на ЖРК Куманово моментално е на четвртата позиција и бележи пет победи и три порази.

Мечот се игра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ со почеток во 14 часот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Липково утре гласање на 36 избирачки места