ЖРК Куманово убедливо загуби од Вардар (фото)

Сподели со своите пријатели

Со оглед на разликата во квалитетот ЖРК Вардар убедливо славеше на натпреварот против ЖРК Куманово со резултат од 42:19, полувреме, разлика која на полувремето не беше голема, со оглед на резултатот 20:11.

 

Loading...

13101278_10154071563117412_98379110_n

 

Сепак во таборот на нашата екипа нема разочарување и покрај убедливиот пораз од екипата на Вардар кој што да не заборавиме е учесник на фајнл форот оваа година. Една споредба која што многу говори е натпреварот помеѓу ЖРК Митјиланд и Вардар во ноември минатата година каде што екипата на Митјиланд постигна само 15 голови а ние успеавме да постигнеме 19. Еве што ни изјави капитенот на нашата екипа после поразот од ЖРК Вардар.

Заборавете ги сите претходни проблеми, недоразбирања, сè што ве спречувало да дадете максимум. Гледајте на ова како на нов почеток, на старт каде што работите ќе бидат поставени на високо ниво. Одиме чекор по чекор, така ја и направивме стратегијата во нашиот клуб. Се што ќе се створи преку ноќ, бргу се и распаѓа- се обрати  Викторија Пеовска до своите.

ЖРК Куманово пораз претходно има впишано и од екипата на Металург во рамките на плеј офот.