ЖРК Куманово убедливо против Овче Поле (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово ја забележаа четвртата победа по ред во рамките на Женската ракометна лига на Македонија, откако вчера на домашен терен го совладаа составот на Овче Поле со резултат 49:18.

Loading...

 

 

Кумановки уште од самиот старт покажаа доминација над противникот, откако го отворија мечот со низа од 3:0, а потоа дојдоа до лесно водство од 10:4.

 

 

Loading...

Со извонредна серија од 13:0 тимот на Куманово на полувреме имаше предност со 28:7, а со тоа веќе беше и познат победникот од средбата.

 

 

Вториот дел од натпреварот беше рутински, а минутажа добија сите ракометарки на Куманово кои се впишаа и на листата на трелците.

 

 

Loading...

Најефикасни во составот на Куманово беа Трајковиќ и Кипријановска со по осум погодоци, а Боризовска постигна шест гола.

 

 

Во екипата на Овче Поле СУ најмногу се истакна Елена Вучевска со шест гола.

 

 

Loading...

Со оваа победа Куманово останува меѓу најдобрите екипи со 12 реализирани бодови од стартот на сезоната.

 

 

 

Loading...

 

Никола Ивановски

Leave a Reply