ЖРК Куманово убедливо против Астибо

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово остварија убедлива победа против ЖРК Астибо изминатиот викенд во рамките на 5. коло од домашниот шампионат.

Loading...

Убедливи од стартот беа гостинките што можеше да се забележи по високото водство кое го поставија во првите минути од средбата.

На полувреме заминаа со значителна предност и резултат 8:25.

Силна игра кумановки имаа и во вториот дел од средбата, па крајот од мечот го завршија со 19:37 и нови два бода во табелата.

Со осум погодоци најефикасна во тимот на ЖРК Куманово беше Ѓошевска Јана, гол помалку имаше Еленин Адела, а шест погодоци впиша Сузана Зечевиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Следниот меч ЖРК Куманово го игра на домашен терен во дерби средба со Ѓорче Петров.

Никола Ивановски