ЖРК Куманово со три нови младински репрезентативки

Сподели со своите пријатели

Женската јуниорска репрезентација на Македонија на 18 февруари ќе започне со подготовките за квалификации за Светското првенство. Селекторот Јулијана Црвенкоска ги одбра најдобрите ракометарки до 20 години меѓу кои и три ракометарки од ЖРК Куманово: Мила Трајковиќ, Јована Кипријановска и Тамара Ивановска кои воедно се и кадетски репрезентативки (до 17 години).

Со ова уште еднаш се потврдува квалитетот на нашите ракометарки, а во исто време и квалитетната работа на тренерите и управата, велат од ЖРК Куманово.

На списокот се наоѓаат дури 22 ракометарки кој што повеќето се од ЖРК Вардар и ЖРК Металург, а повик не доби еден од најдобрите пикери во женската ракометна лига и член на ЖРК Куманово, Габриела Костадиновска.

Инаку женскиот ракометен тим од Куманово активен ќе биде и овој викенд на меѓународна сцена. Овој пат на силен турнир кој што ќе се одржи во сабота, а  противници им се екипите на ЖРК Топличанин (Прокупље) и ЖРК Житораѓа (Житораѓа).

Leave a Reply