ЖРК Куманово со пораз од Чаир

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово впишаа втор пораз сезонава, овој пат од составот на ЖРК Чаир во рамките на Женската ракометна суперлига.

Loading...

Во првиот дел од средбата се играше гол за гол, за да на полувреме гостите од Чаир заминат со предност од еден поен.

Вториот дел од средбата кумановки немаа сили да направат поголем пресврт и со 32:34 го загубија мечот.

Најефикасни во тимот на Куманово со по осум реализирани погодоци беа Габриела Величковска, Сузана Зечевиќ и Јана Ѓошевска.

Овој пораз скапо ги чинеше кумановки и ги спушти на 5. позиција во табелата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Никола Ивановски