ЖРК Куманово со победа се заблагодари за Ноемвриската награда

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово ја оправдаа Ноемвриската награда која веќе во понеделник ќе им биде врачена како највисоко признание од Општина Куманово за досегашните успеси, откако вчера на домашен терен го совладаа тимот на ЖРК Вардар со резултат 27:24.

Loading...

Избраничките на тренерот Симе Симевски постигнаа нови бодови во табелата, со што и натаму остануваат на врвот со ниту еден пораз по одиграните осум кола.

Кумановки во текот на целиот натпревар имаа контрола врз играта и резултатска предност над варадрки, која од 13:10 на полувреме ја сочуваа до крајот и славеа повторно пред својата публика.

Најефикасни кај победничката екипа беа Медеа Чокели со шест и Леонида Гичевска со пет гола, а кај Вардар Ивона Трпевска со седум и Милица Николиќ со шест погодоци.

Во наредното Куманово игра со ЖРК Овче Поле во Свети Николе.

Leave a Reply