ЖРК Куманово со победа го отвори вториот дел од сезоната

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово освија победа во првиот натпревар од вториот дел од тековната сезона во Женската ракометна суперлига на Македонија.

Кумановки на гостувањето против Пелистер во Битола имаа лош старт, во кој домашните остварија предност од 16:11 на полувреме.

Сепак, вториот дел од средбата гостинскиот состав покажа вистинска доминација и решителност за победа, па успеја да поентира седум голови повеќе и да ја однесе победа со конечни 29:31.

Најефикасна во составот на ЖРК Куманово беше Бразилката Мариана Силва Азеведо со дури 10 погодоци, а со два помалку мечот го заврши нејзината сонародничка Аманда Стеин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца приведени: Поради нерачистени долгови нападнале кумановец со остар предмет

Во домашниот состав со 12 погодоци најефикасна беше Анастасија Тодоровска.

Следниот меч кумановки повторно го играат на гостински терен, овој пат против лидерот на табелата, ЖРК Ѓорче Петров, веќе во сабота.

Никола Ивановски