ЖРК Куманово со четврта победа по ред сезонава

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово впишаа четврта победа по исто толку одиграни натпревари од стартот на оваа сезона.

Loading...

Изминатиот викенд на домашен терен кумановки го совладаа составот на ЖРК Деспина од Прилеп со резултат 18:17.

Од самиот старт на мечот избраничките на тренерот Славиша Димитриевски имаа висока предност пред гостинскиот состав, па така веќе на полувреме се замина со 15:7 разлика за домашниот состав.

Вториот дел од средбата кумановки рутински пристигнаа до победа.

Најефиксни во составот на ЖРК Куманово беа Еленин Адела која впиша осум погодоци, додека два помалку забележа Сара Цветановска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тито во Куманово ги посетил повредените од земјотресот во 1963

Следниот меч ЖРК Куманово го игра на гостински терен против составот на Астибо на 22ри месецов.

Никола Ивановски