ЖРК Куманово се пласираше во ЕХФ Челинџ купот

Сподели со своите пријатели

Кумановки остварија втората победа во плеј оф делот и тоа на домашен терен против екипата на ЖРК Пелистер од Битола. Со оваа победа нашиот град го потврди учеството на евро-сцената за сезоната 2016/17. Екипата на ЖРК Куманово се пласираше во ЕХФ Челинџ купот.

На дуелот кумановки беа аплолутни фаворити, а тоа се покажа во првото полувреме кое што заврши со водство на домашниот тим со резултат 16:6. И покрај повредата капитенот Викторија Пеовска настапи на натпреварот со цел да помогне на својот тим, а одличен настап забележаа и Александра Боризовска и Мила Трајковиќ кои што ја полнеа мрежата на гостинскиот тим, а одиграа и неколку спектакуларни акции (цепелини).

Второто полувреме повторно и припадна на домашната екипа и покрај тоа што шанса добија да играат неколку ракометарки од пионерскиот тим. Шансата ја искористија Диневска, Цветковска и Кипријановска кои што доминираа во второто полувреме. До крајот на натпреварот рутински ја одржуваваат предноста и натпреварот заврши со резултат 32:20.

Задоволен сум од играгата на нашиот тим. Денес ние покажавме дека сме добар тим, кој игра добар ракомет и затоа сум среќен. Особено ме радува фактот што и нашите ракометарки од пионерскиот погон одиграа феноменално во второто полувреме, и има иднина за нашиот тим. Пресреќен сум за овие девојки кои многу ја посакуваа оваа победа, ова е еден од историските успеси во мојата кариера, успех за нашиот клуб и град. – изјави Зоран Јосимовски тренер на екипата на ЖРК Куманово.

Екипата на ЖРК Куманово го исполнија ветеното и предизвикаа огромно задоволство кај љубителите на женскиот ракомет во нашиот град.