ЖРК Куманово лесно против Шампион

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово вчера забележаа уште една победа во рамките на домашното првенство, откако на гостински терен го совладаа составот на Шампион од Скопје со резултат 19:35.

Loading...

Кумановки уште во првиот дел од средбата прикажаа извонредна игра па веќе на полувреме заминаа со предност од шест погодоци, односно 11:17.

Вториот дел од играта избраничките на Ненад Краљевски примија само осум, а реализираа 18 голови со што лесно впишаа нови бодови во табелата.

Со по четири погодоци најефикасни во тимот на Куманово беа Ана Шарановиќ и Јована Кипријановска, а во тимот на Шампион со исто толку Тама Богоевска.

Следниот меч Куманово го игра утре на домашен терен против составот на Кузман Вардар со почеток во 18 часот.

Никола Ивановски


Leave a Reply