ЖРК Куманово ја совлада Деспина со 29 голови разлика

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово остварија убедлива победа против составот на Деспина, откако на домашен терен вчера славеа со 43:19:4.

Loading...

Избраничките на Ненад Краљевски убедливо го отворија наптреварот и тоа водство го задржаа до конечната победа. По рутиснката игра во првиот дел од средбата, на пауза заминаа со 22:7, кога веќе се знаеше кој е победникот.

Вториот дел од средбата имаа „мал тренинг“ со противникот и на крај запишаа победа со неверојатни 29 голови разлика.

Шанса на натпреварот добија сите ракометарки на тренерот Краљевски.

Одлична како и секогаш, со 9 реализирани погодоци најефикасна во Куманово е Мила Трајковиќ, а со два голови помалку зад неа е капитенот Александра Боризовска.

Во тимот на Деспина најефикасна беше Мери Конеска со пет погодоци.

ЖРК Куманово по 8 одиграни натпревари е на цврстата прва позиција во табелата без ниту еден пораз.

Веќе утре, ракометарките на Куманово се пред нов предизвик, овој пат на гостински терен со тимот на Вардар.

Loading...

Никола Ивановски


Leave a Reply