Поради настап на екипата на ЖРК Вардар СЦЈС овој викенд во Челенџ купот, натпреварот од 10 коло на женската супер лига на Македонија помеѓу екипите на ЖРК Вардар СЦЈС и ЖРК Куманово ќе се одигра денес во малата сала на Спортски центар „Јане Сандански“ со почеток во 19.30 часот.
Ако се земе во предвид дека во првиот натпревар помеѓу овие две екипи кој се одигра во рамките на второто коло во Куманово победа извојуваше гостинската екипа со резултат 33:28, следува дека домашната екипа е фаворит.
Вчера во салата на ОУ Х.Т.Карпош се одигра пријателски меч помеѓу две кумановски екипи генерација 2000 и помлади, односно помеѓу екипите на ЖРК Вардар-Карпош предводена од тренерот Миодраг Јовановски-Црни и ЖРК Куманово предводена од тренерот Димитар Антевски.
Во овој натпревар екипата на ЖРК Куманово доминираше од самиот почеток, играше зрело и многу ефикасно и веднаш поведе со 5:0, подоцна зголеми на 11:1 се до највисокото водство од 27:4. После оваа убедливо водство тренерот Димитар Антевски ја смени целата постава и реши да им даде шанса на помладите играчи од генерација 2002 и помлади. Во продолжение гледавме поизедначен натпревар кој заврши со победа на ракометарките на ЖРК Куманово со резултат 32:13.