ЖРК Куманово го започнува вториот дел од сезоната

Сподели со своите пријатели

Женскиот ракометен тим од Куманово во недела на домашен терен го игра првиот натпревар од вториот дел во оваа сезона. Противник ќе им биде екипата на ЖРК Прилеп од Прилеп.

Кумановки се апсолутен фаворит на овој натпревар и се очекува со победа да се зацврсти на третото место во првенството кое што овозможува повторен излез на евро-сцената.

Во тимот на ЖРК Куманово не се знае дали ќе настапи првиот состав поради незавидната финансиска ситуација во која што се наоѓа клубот. Во текот на наредната недела ќе излеземе со соопштение во однос на настанатата ситуација. – изјавија челниците на клубот.

Натпреварот ќе се игра во салата на ОУ Христијан Тодоровски-Карпош во недела 26.02.2017 година со почеток од 14:30 часот.