ЖРК Куманово го реши ЖРК Пелистер и се пласираше во ЕХФ Челинџ купот

Сподели со своите пријатели

Екипата на ЖРК Куманово ја оствари првата победа во плеј оф делот и тоа на гостински терен против екипата на ЖРК Пелистер od Битола. Со оваа победа кумановки го добија првиот претставник на евро-сцената за сезоната 2016/17. Екипата на ЖРК Куманово се пласираше во ЕХФ Челинџ купот.

Уште на самиот почеток куманови беа фаворити, но во првото поолувреме сепак мораа да се помачат за да воспостават рамнотежа и на полувреме да заминат со резултат 11:12.

Второто полувреме припадна на екипата на ЖРК Куманово и неколку одлични голови на Александра Боризовска и  фантастичните одбрани на голманката Бисера Паскал успеа да направи разлика од „плус 6“ односно резултат 14:20. Потоа до крајот на натпреварот рутински ја одржуваа предноста и натпреварот заврши со резултат 18:23.

Немаме време за славење, само сакаме да се стабилизираме и да се спремиме за следниот натпревар –  вели Александра Боризовска, ракометарка на ЖРК Куманово.

Наталија Зафировиќ заработи незгодна повреда поради што предвреме го заврши натпреварот. Голманката Паскал имаше одличен ден со 16 одбрани, а во тимот најефикасна беше Александра Боризовска со постигнати 6 гола. Голем придонес во тимот дадоа и останатите ракометарки: Викторија 4 гола, Маја 4 гола, Ангела и Мила по 3 гола, Елена 2 гола и Моника 1 гол.

Горд сум и задоволен. Денес ние покажавме дека сме добар тим, кој игра добар ракомет и затоа сум среќен. Формата постојано се подобрува и очекувам на следните натпревари да бидеме уште подобри. Девојките одиграа одлично и се бореа како вистински лавици. Пресреќен сум за овие девојки кои многу ја посакуваа оваа победа. Преплавен сум со емоции, ова е еден од историските успеси во мојата кариера, успех за нашиот клуб и град. – изјави Никица Кипријановски тренер на екипата на ЖРК Куманово.

Инаку ова е прва победа на ЖРК Куманово, откако претходните неколку наптревари забележаа загуби.