ЖРК Куманово го реши ЖРК Бар и освои бронза (фото)

Сподели со своите пријатели

На европскиот турнир кадетките на ЖРК Куманово достојно го промовираа ракометот на нашиот град и нашата држава. И покрај несреќниот пораз во полуфиналето со шведскиот тим Сарокометернас, во малото финале рутинирано го надиграа домаќинот и го совладаа и ја освоија бронзата.

Девојките натпреварот го решија уште во првото полувреме каде што се замина со резултат од 14:10 водство за нашиот тим, а во второто полувреме рутински ја одржуваа оваа предност и на крајот се заврши со резултат 25:23.

13479710_10154208669922412_158966062_n

Одличен настап на овој турнир имаа сите ракометарки , меѓутоа вреди да се спомене неверојатната Мила Трајковиќ која што е прогласена за МВП на турнирот и успеа да ги наполни мрежите до врв на противничките тимови со над 60 голови.

ЖРК Куманово исто така го доби пехарот за фер плеј екипа.

Сите во стручниот штаб се задоволни од прикажаното на овој турнир кој што е еден од најсилните во Европа во оваа категорија на ракометарки.