07.11.2016 13:24

ЖРК Куманово го прегази ЖРК Пелистер

Facebook Twitter Google+

Екипата на ЖРК Куманово на домашен терен ја оствари шестата победа во рамките на новатата сезона од женската супер лига и ја оправда улогата на апсолутен фаворит на против ЖРК Пелистер од Битола.

Единствено што успеаа битолчанки да биде нерешено во втората минута 1:1, а понатаму се беше во знакот на домашниот тим. Викторија Пеовска и Александра Боризовска уште на почетокот на првото полувреме им најави дебакл на гостинскиот тим кои што буквално го торпедираат гостинскиот тим од сите позиции. На полувреме се замина со резултат 14:7

Второто полувреме беше само рутина за нашиот тим кој што повторно доминираше во сите делови од играта. Тренерот на ЖРК Куманово повторно ги вклучи во игра кадетките кои што имаа светло издание и на овој натпревар. Гостинскиот тим максимумот го постигнаа на почетокот на второто полувреме кога намалија на пет разлика, меѓутоа не им вредеше и на крај беа декласирани со резултат 27:19

Најефикасна кај домашниот тим на овој натпревар беше Викторија Пеовска со дадени 7 гола. Голем придонес во нашиот тим дадоа и останатите ракометарки: Александра 6 гола, Мила 4 гола, Моника 4 гола, Јована 3 гола. На листата на стрелци со по еден гол се запишаа и: Бети, Елена и Ана Марија.

Мора да кажеме дека од овој натпревар најважни се трите бода. Знаевме дека сме апсолутни фаворити против ЖРК Пелистер. Дојдовме до рано водство и тоа ни ја олесни задачата малку во продолжението. Оваа победа ни е многу важна посебно од психолошки аспект затоа што доаѓа по оној натпревар на кој што бевме убедливо поразени од ЖРК Металург. Секако, мора во следните натпревари да елиминираме и одредени недостатоци во играта кои се воочени. – велат од управата на клубот

Следните натпревари женскиот ракометен тим од Куманово ги игра на гостински терен против  ЖРК Вардар од Скопје.

фото: архива


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments