ЖРК Куманово го доби првиот ЕХФ противник

Сподели со своите пријатели

Денеска во канцеларијата на ЕХФ се одржа официјалната ждрепка за натпреварувањата.

Loading...

Галичанка Лвов од Украина е тимот против кој ракометарките на Куманово ќе го стартуваат својот европски пат во ЕХФ Купот.

Галичанка  досега 20 сезони била дел од европските натпревари. Важи за млад, но исклучително квалитетен ракометен состав во Украина.

ЖРК Куманово нема да има лесна задача, но ќе го дадат својот максимум.

Првиот натпревар се игра на 14 или 15 ноември во Украина, додека реваншот ќе биде на 21 или 22 ноември во Македонија.

Никола Ивановски


Leave a Reply