ЖРК Куманово го доби најнепосакуваниот ривал на Челинџ Купот

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на ЖРК Куманово ќе се сретнат со шпанската екипа Хелветиа Алсобендас во мечевите од второто коло на Челинџ Купот. 

Првиот меч ќе се игра на 15/16 октомври во нашата земја, а реваншот на 22/23 ноември во Шпанија. Ова е исклучително тешка ждрепка за кумановчанки, кои не беа носителки и мораат да играат уште во октомври, како и уште седум екипи кои рано го почнуваат натпреварувањето во третиот по квалитет европски Куп.

Ако го минат шпанскиот претставник, кумановчанки ќе се сретнат со португалската екипа Колехио де Гаја. Минатата сезона ракометарките на Куманово завршија на четвртото место во домашниот шампионат.

Извор: Гол.мк