ЖКК Куманово утре против МЗТ Скопје

Сподели со своите пријатели

Кошаркарките на Куманово утре со почеток во 17 часот го играат третиот натпревар сезонава, овој пат против екипата на МЗТ Скопје.

Loading...

Од досегашните два одиграни натпревари кумановки имаат една победа и еден пораз, иако во оваа сезона влегуваат со големи амбиции, особено по спојувањето со клубот Гризли.

Се очекува утрешниот меч да биде доста неизвесен и интерес, со оглед дека и двете екипи имаат високи амбиции и квалитетна игра.

Натпреварот ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнал полицаец на фудбалски натпревар, па му се слошило