Животни лекции кои можеме да ги научиме од мачките

Сподели со своите пријатели

Мачките може да бидат многу добри примери кога станува збор за животниот стил. Нивниот опуштен животен стил може да им донесе добри лекции на луѓето, особено во ова брзо и стресно време.

Loading...

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ЗЕМЈАТА НА МАЧКИТЕ: Целиот остров е нивното царство (ВИДЕО)

Мачките се минималисти, додека повеќето луѓе имаат тенденција да ги натрупуваат работите

Мачките покажуваат дека толку многу работи навистина не се неопходни за да живеат среќен живот. Не сакаат многу работи, и наоѓаат среќа во играта со обична картонска кутија.

Мачките го слушаат нивното тело

За жал, повеќето луѓе не успеваат да си го дозволат тоа што им е потребно на телото и умот. Дури и кога најмногу ни се спие, кога чезнееме и за најмала дремка, ние сепак продолжуваме да работиме. Мачките можат да си дозволат да спијат до 16 часа. Додека на луѓето не им треба толку многу спиење, тие се тука да нè потсетат да ги слушаме нашите тела барем од време на време.

Зошто древните Египќани им се восхитувале на мачките?

Рутината за разубавување кај мачките е многу едноставна

Loading...

Луѓето, од друга страна, користат голем број на препарати за да се грижат за својата кожа и коса. Покрај фактот дека некои од нив се екстремно скапи, негата на кожата со голем број хемиски производи е лошо и за луѓето и за околината.

Мачките сакаат да одат и да истражуваат

Ако треба да стигнат некаде, одат пеш. Некои луѓе го следат нивниот пример, па во обид да го намалат метежот во сообраќајот и потрошувачката на гориво, одат пеш или возат велосипед. Придобивките се бројни, како за заштита на животната средина, така и за одржување на здравјето.

Можат ли мачките да бидат вегетаријанци?

Leave a Reply