„Да си ми жив и здрав уште сто години“ е фраза која е многу честа на нашите простори, а многу луѓе се прашуваат која е тајната на успехот во достигнувањето на таа возраст.
Додека некои причините ги гледаат во генетиката, исхраната и физичката активност, научниците ширум светот интензивно ја истражуваат оваа тема, но „уникатен рецепт“ сè уште не е откриен.
Сепак, најдобриот совет за долговечност може да го дадат оние кои ги доживеале тие години, а некои дури и ги надминале.
Еден од нив е Џон Тинисвуд од Англија, кој имал 112 години кога починал на крајот на 2024 година. Џон своевремено беше во центарот на медиумското внимание бидејќи важеше за најстариот човек на светот, поради што е вклучен во Гинисовата книга на рекорди.
Како што изјавил за локалните медиуми, тајната на неговата долговечност лежи во еден специфичен обичај, за кој Џон верувал дека го одржувал здрав и жив толку долго. Тоа е едноставен оброк – чинија пржена риба и помфрит секој петок.
Имено, Џон е роден на 26 август 1912 година, истата година кога потонал Титаник. Тој влезе во Гинисовата книга на рекорди откако претходниот рекордер, Хуан Висенте Перез Мора, почина во април 2024 година. Тој двапати се сретнал со покојната кралица Елизабета Втора, а последниот роденден му го честиташе и кралот Чарлс. Додека многумина се восхитуваа на неговата долговечност, мислејќи дека е на некој посебен режим, Џон рече дека треба да се биде само умерен во сè, но и физички активен.
– Бидете умерени во се што правите, но најважно е да се движите многу. Да седите на стол по цел ден не е добро за вас“, нагласи Џон, додавајќи дека неговата исхрана главно се состоела од овошје, зеленчук и маслинки.
Џон Тинисвуд почина на 25 ноември 2024 година, на 112-годишна возраст.