ЖИВ СВЕТЕЦ: Владиката Лонгин е татко на повеќе од 400 деца, многумина се намачени и смртно болни! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Владиката посвоил повеќе од 400 деца – тој се грижи за најмалите на кои им е најпотребна помош – а приказната за него е најубавата што ќе ја слушнете денес.

Loading...

Во време кога коронавирусот е тема број еден во светските медиуми, приказната за епископ од Украина може значително да го разубави денот и да ја врати вербата и надежта на луѓето за подобро утре.

Имено, веќе неколку децении, владиката Лонгин се грижи за оние на кои им е најпотребна помош, напуштени деца, од кои некои се родени дури и со ХИВ вирусот.

За епископот Лонгинус од Черновци, игумен на Манастирот на Светото воскресение во Банческу, Украина, може да се каже дека е една од ретките светли точки во мрачниот живот на повеќе од 400 деца кои се или поминале низ сиропиталиштето во близина на овој манастир.

 

 

Оние кои имале можност да се сретнат со него велат дека тој е жив светец, а како причина ги наведоа неговата љубов и посветеност кон децата.

Loading...

Имено, Лонгин ги посвојува сите деца кои биле одбиени од нивните родители, а досега 400 од нив, под неговото презиме, биле регистрирани дури 250 деца од 90-тите години на минатиот век.

Како што се наведува, кај тие деца најголем број се оние кои се родени со попреченост, развојни нарушувања, но за жал и со ХИВ вирусот.

Благодарение на него, голем број деца биле отстранети од улицата и однесени на вистинскиот пат, поради што сите го сметаат и го нарекуваат свој татко, па затоа подоцна, кога ќе ги формираат своите семејства, се враќаат во манастирот да му помогнат на Лонгин околу воспитувањето и растењето на другите деца кои ќе бидат вратени на вистинскиот пат.

За него и другите благородни монаси е направен документарен филм, кој покажува на кој начин и со колкава љубов се грижат за децата кои го пронашле своето семејство и домот под неговиот покрив.

 

Leave a Reply