Жителите од „Нагорички сокак“ го прославија големиот христијански празник Богојавление Водици (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Жителите од „Нагорички сокак“ четврта година по ред, заеднички на улицата „Иво Лола Рибар“ го прославија големиот христијански празник Богојавление Водици.

Loading...

На заедничка дружба, жителите го честитаа празникот и повикаа на заедништво и почитување на традицијата.

– Четврта година по ред се собираме и заеднички го одбележуваме овој голем празник. Им го честитаме празникот на верниците, посакуваме здравје, мир, благосостојба. Важно е што ја обновивме традицијата која била пракса изминативе децении, па потоа била прекината и сега се надеваме дека секоја година ќе има што повеќе млади луѓе на овие наша заедничка прослава-изјави Бобан Илиевски, претставник од Месна заедница „Панче Пешев“.

 

 

Минатогодишен кум е Сашо Маниќ.

Жителите на „Нагорички сокак“ кршеа лепче со паричка се почастија со пивтии и грејана ракија.

Loading...