Жителите на с. Пчиња ја отстранија блокадата кон депонијата „Краста“

Сподели со своите пријатели

Блокадата која започна во петок во девет часот и траеше до вчера напладне сега е ставена во мирување, со можност повторно да се активира доколку не се постигне договор со инволвираните страни.

Loading...

Блокадата следуваше како резултат на барањата кои месното насление на с. Пчиња ги упати до градоначалникот за изградба на водоводна и канализациона мрежа, но исто така и до директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ за промена на влезот на депонијата Краста.

Претседателот на месната заедница Пчиња, Дејан Трендевски во телефонска изјава ни соопшти дека е постигнат договор со градоначалникот Зоран Дамјановски и директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ Сашо Петрушевски, при што е договорена средба во Министерството за транспорт и врски.

Пред се ние сакавме да ја отстраниме блокадата во интерес на граѓаните на општина Куманово, да не бидат во смет и затоа се договоривме во четврток ќе одиме со министерот да видиме проектот со водовод до каде е. Останува можнсот ако не се најде заедничко решение да се активира блокадата повторно во четврток – вели Трендевски.

Претседателот на месната заедница истакна дека има ветување од градоначалникот и директорот на јавното претпријатие за исполнување на нивните барања.

Има некои позитивни ветувања од страна на градоначалникот и од директорот со тој меморандум што го имаме потпишано пред седум години да се смени влезот на депонијата од спротивната страна, директорот вети дека во рок од 15 дена ќе го смени излезот на депонијата и се надевам на соработка со градоначалникот и директорот.

Се очекува по средбата со минситерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во четврток да се знае дали ќе има исполнување на барањата на мештаните од с. Пчиња или блокадата ќе продолжи.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.