Жителите на с. Пчиња го блокираа патот кон депонијата „Краста“ (фото)

Сподели со своите пријатели

Патот кон депонијата Краста во селото Пчиња денеска беше блокиран од страна на месното население за камионите на ЈП „Чистота и зеленило“, поради нивното незадоволство од лошото менаџирање со депонијата.

Loading...

Тие освен за депонијата се пожалија и дека немаат водоводна и канализациона мрежа, за што го обвинија градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски. Велат дека градоначалникот им го блокирал проектот со тоа што не потишал договор кој би овозможил на Министерството за транспорт и врски да го реализираат истиот.

Мештаните се пожалија дека иако потпишале договор со градоначалникот кој предвидувал соработка, тие не наишле на спроведување на истиот на дело. Рекоа дека проектот е потпишан пред четири години, но дека нема ништо реализирано.

Денеска сме тука да му порачаме на градоначалникот дека сме тука на оваа блокада и нема да отстапиме се додека не се реши нашиот проблем. Блокадата ќе трае 24 часа и се додека не се испочитува меморандумот од страна на градоначалникот за депонијата, односно да се смени влезот на депонијата, да се загради, сите работи од меморандумот да ги исполни“- рече во својата изјава претседателот на месната заедница во с. Пчиња, Дејан Трендевски.

Со своја реакција се јави и директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ кој вели дека со депонијата се стопанисува на најдобар можен начин и дека пред две недели контролата од Министерството за екологија дала позитивна оценка за депонирањето на отпадот.

Штетата за јавното претпријатије, за општината и за граѓаните може да биде голема, материјална штета и штета што може да доведе до несакани последици за здравјето на луѓето – изјави директорот Петрушевски.

Тој потенцираше дека претпријатието нема алтернативно решение за изнесување на сметот освен оваа депонија и додаде дека дневно изнесуваат 60 до 80 тони смет, а со блокадата на регионалниот пат, штета ќе се нанесе на целиот град.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.