Жителите на Фукушима загрижени поради планираното испуштање радиоактивна вода во океанот

Сподели со своите пријатели

Директорот на Меѓународната агенција на ОН за нуклеарна енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денеска се сретна со жителите во областа СИ Фукушима, загрижени за безбедноста на планот на јапонската влада да испушти прочистена радиоактивна вода од уништената нуклеарна централа Фукушима во океанот.

Loading...

Во планот за испуштање радиоактивна вода од Фукушима, одобрен од МААЕ, се наведува дека испуштањето на водата ќе има незначително влијание врз животната средина, објави Ројтерс.

Јапонските риболовни синдикати долго време се спротивставuvaa на планот и предупредуваат дека ќе ги поништи напорите за поправка на штетата на извозот на јапонската храна поради стравувањата од радијација, иако Јапонија редовно тестира улов на риби и морски плодови фатени во областа Фукушима и вели дека тие се безбедни за консумирање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  BBC: Иранска тинејџерка сексуално нападната и убиена од мажи кои работеле за безбедносните сили

„Централната влада треба да разбере дека ние силно се спротивставуваме на планот за испуштање на водата од Фукушима во океанот“, изјави претседателот на Здружението на рибари во Фукушима, Тецу Нозаки на денешната средба на која присуствуваше Гроси.

Гроси рече дека нема магично решение за сомнежите и грижите, но нагласи дека МААЕ ќе биде со граѓаните во наредните децении, додека не се исцеди и последната капка вода безбедно.

Тој денеска ќе ја посети и уништената нуклеарна централа и на тоа место ќе ја отвори канцеларијата на МААЕ, која ќе го надгледува последователното испуштање вода во следните 30 до 40 години.

Во соопштението на операторот на нуклеарната централа, Тепко, се наведува дека околу 1,3 милиони тони вода складирана во огромни акумулации на локацијата на нуклеарната централа се филтрирани преку напреден систем за обработка на течности (Алпи) за да се отстранат повеќето радиоактивни елементи освен тритиум, водородни изотопи кои тешко се одвојуваат од водата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мигрант кој се бори со ракот доби 1,3 милијарди на лотарија: „Сега ќе можам да платам лекар“

Се наведува дека пречистената вода, пред да биде пуштена во океанот преку специјално изграден подводен тунел, на километар од брегот, ќе се разреди со морска вода, така што концентрацијата на тритиум ќе биде многу под меѓународно одобрените нивоа.

Loading...

Се очекува овој процес да започне веќе во август, објавија јапонските медиуми.