Жител на Ваксинце ќе одговара за криумчарење мигранти

Сподели со своите пријатели

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Ф.А.(26) од село Ваксинце, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што додаваат од таму, на 11.07.2019 во село Ваксинце, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на пријавениот, при што пронашле девет лица, мигранти од Авганистан, Бангладеш и Пакистан.

Leave a Reply