Жител на Старо Нагоричане приведен оти возел пијан

Сподели со своите пријатели

Педесет и двегодишник од Старо Нагоричане бил приведен вччера откако полицијата утврдила дека возел под дејство на алкохол.

– На 14.11.2025 во 15:54 часот во с.Пелинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово – Полициска канцеларија Старо Нагоричане го лишија од слобода Н.А.(52) од с.Старо Нагоричане, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај, полициските службениоци сопреле патничко возило „фолксваген тигуан“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Н.А., и притоа констатирале дека е под дејстов на алкохол, односно измерени му се 1,77 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ивана Ѓорѓиевска останува претседател на Советот на Општина Куманово

– Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

Никола Ивановски