Жител на Старо Нагоричане осомничен за фалсификување фактура за набавка на делови за култиватор

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Г.С.(44) од Старо Нагоричане поради постење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот без согласнотс од лицето Н.Ј. ги искористил неговите лични податоци и истите ги злоупотребил при изготвување на фактура за набавка на делови за култиватор од Р.Косово во вкупен износ од 210 евра, при што наместо таа сума впишал износ од 60 евра и извршил промена на бројот на предметите од фактурата наместо два впишал еден предмет.

Вака фалсификуваната исправа на 07.07.2014 година ја пуштил во правниот промет како доказ при склучување на Договор за купопродажба со лице од Кумново и истиот потоа го заверил кај нотар од Куманово.