Жител на Слупчане спречувајќи кражба заработил убоди од нож

Сподели со своите пријатели

Педесет и едногодишен жител на селото Слупчане во текот на вчерашниот ден спречувајќи кражба во неговата продавница за теписи заработил убоди од нож во пределот на вратот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено околу 12:15 часот во продавница за  теписи во Куманово забележал непознато лице како го сече конецот со кој биле врзани јоргани ставени на скалите  пред продавницата. В.И. од зад грб го фатил сторителот за врат. Потоа истиот се свртел и со ножот го повредил В.И. во пределот на левата рака и почнал да дава отпор. Со помош на вработената  сторителот бил совладен, а потоа  повикале полиција.

Случајот бил пријавен вчера во Секторот за внатрешни работи околу 13:20 часот и се работи на целосно расветлување на настанот.