Жител на Слупчане се обидел да подигне брз кредит со податоци од туѓа лична карта

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишен жител на липковското село Слупчане бил приведен под сомнение дека се обидел да подигне брз кредит со податоци од туѓа лична карта.

Loading...

– На 25.05.2022 во 14.55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.З.(27) од село Слупчане, липковско, бидејќи се обидел да подигне брз кредит со податоци од лична карта на друго лице, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Тој бил приведен во полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.