Жител на скопско Блаце доби кривична пријава за криумчарење 10 мигранти

Сподели со своите пријатели

Регионалниот центар за гранични работи исток поднесе кривична пријава против дваесет и деветгодишниот жител на скопското село Блаце поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено, на 18 овој месец околу шест часот наутро на магистралниот пат Струмица-Радовиш од страна на полициски службеници било сопрено патничко возило „Ауди“ управувано од пријавениот, а од извршен преглед во возилото затекнати се 10 мигранти од кои четири државјани на Алжир, тројца државјани на Либија, двајца на Пакистан и еден државјанин на Мароко.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена, стои во билтенот на МВР.