Жител на Отља почина откако бил затрупан од земја

Сподели со своите пријатели

Жител на кумановското село Отља починал, откако вчера врз него во дупка длабока четири метри, паднала земја.

Loading...

– На 21.03.2020 во 14,30 часот во атар на с.Отља-кумановско, на место викано „Краиште“, додека А.С.(70) од с.Отља, работел на санација на резервоар за вода која ја користел за сопствени потреби, влегол во ископот длабок околу четири метри при што бил затрупан од околната земја и починал на самото место, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Куманово.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството за погреб.

Никола Ивановски

Leave a Reply