Жител на Опае растурал криумчарени возила, па продавал делови за автомобили

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Љ. (48) од село Опае, Липково, и против правното лице Друштво за транспорт, трговија и услуги „Аљ Ауто Централе Еден“ ДООЕЛ Куманово увоз-извоз, со седиште во село Опае, Подружница „Ауто Централе Еден“ Куманово, лоцирана во место викано „Липковска Река“ во село Бедиње,кумановско, за сторено кривично дело „прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“, инфомираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што појаснуваат од полицијата, во 2017 година првопријавениот како сопственик и управител на пријавеното правно лице, со намера да стекне противправна имотна корист, во сервисот на правно лице започнал да чува и да растура на делови патнички моторни возила, за кои знаел дека се предмет на криумчарење, односно истите биле внесени во Република Северена Македонија со избегнување на царинска контрола и плаќање на соодветните давачки по основ на царина, акциза и данок, со што била нанесена штета на Буџетот на Северна Македонија.

Leave a Reply