Жител на Никуштак ќе одговара за нелегално поседување оружје

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.А.(28) од село Никуштак, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, информираат од полицијата.

Loading...

На 20.11.2018 година во село Никуштак полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот и пронашле и одзеле ловна пушка „ТОЗ-34“ калибар 12мм.

Leave a Reply