13.06.2019 09:50

Жител на Липково со лажна диплома од средно се вработил во АРМ и МВР


СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.И.(47) од село Лојане, општина Липково, полициски службеник во Полициската станица за Граничен премин „Табановце“, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „фалсификување исправа“.

Како што информираат од полицијата, на точнонеутврден датум пријавениот извршил фалсификување на диплома за завршено средно образование, издадена од средно училиште „25 Мај“ од Прешево, Република Србија.

loading...

После тоа, на почетокот на 2003 година ваквата диплома ја приложил во Министерството за одбрана при склучување на договор за вработување како професионален војник. Исто така, кон средината на 2005 година, ваквата диплома била употребена и при склучувањето на спогодба за преземање на работник во Министерството за внатрешни работи, со што пријавениот засновал работен однос како полициски службеник.

На 07.07.2005 година Основното јавно обвинителство Куманово поднело обвинителен акт против пријавениот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, а во врска со употребата на наведената лажна диплома при засновање на работен однос.

По ова, на 19.03.2007 година Основниот суд Куманово донел пресуда со која го осудил пријавениот како виновен, за што не го известил Министерството за внатрешни работи.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments