Жител на Куманово позитивен на коронавирус

Сподели со своите пријатели

Жител на Куманово е меѓу новите регистрирани случаи на коронавирус во земјава, јавува порталот А1он.

Loading...

Во изминатите 24 часа вкупната бројка на заболени во земјава достигна 114 лица, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

Детектирани се 29 нови случаи во текот на вчерашниот ден од кои најголем дел од Скопје.

Освен во Скопје, Дебар, Штип, Гостивар, Охрид и Кавадарци каде имаше регистрирано присуство на коронавирусот, во изминатото деноноќие за прв пат е детектиран и кај лице од Куманово, пренесува А1он.

Повеќе детали на прес конференцијата на минситерот за здравство Венко Филипче закажана за во 15 часот.

Никола Ивановски

Leave a Reply