Една жена загина, а најмалку осум лица се повредени во руски напад врз градот Суми во североисточна Украина, соопштија денеска локалните власти.
Според извештаите, во нападот била оштетена фабрика во тој град, а имало и пожар, поради што локалното население било повикано да не ги напушта своите домови, пренесува Ројтерс.
Украинското јавно обвинителство соопшти дека фабриката произведува амбалажа за храна за бебиња, сок и производи за домаќинството.
Нема жртви во нападот со руско беспилотно летало врз индустриски капацитет во Полтава, во централна Украина, соопшти шефот на регионот Полтава, Филип Пронин.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека собориле 12 од 18-те беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта. За време на синоќешниот напад Русија користела и ракети Искандер-М, соопшти Военото воздухопловство на Украина.