Жесток напад на Русите врз Николаев: Има ранети и загинати (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Бројот на повредени во рускиот напад врз Николаев се зголеми на 23, меѓу кои и едно дете, а едно лице загина.

Loading...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео на кое се гледа штетата предизвикана од рускиот напад врз Николаев во текот на ноќта.

Зеленски напиша дека Русија не престанува да докажува дека главната цел на војната е теророт и уништувањето на Украинците и се што е украинско, објави Гардијан.

Во текот на ноќта Русија го гранатираше Николаев со четири проектили истрелани од Црното Море, а оружјето со висока прецизност беше насочено кон приватни куќи, историска зграда и повеќекатница.

Во рускиот ракетен напад на Миколаев, едно лице загина, а 15 се повредени, напиша претходно на Телеграм шефот на јужниот украински регион Миколаев, Виталиј Ким.

 

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.