Женка питбул го спасила семејството од пожар: Го зграбила бебето за пелена и го извлече (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Додека мајката сфатила дека сите се во опасност, нејзината миленичка веќе влетала на куќата и започнала да го влече бебето надвор.

Loading...

Питбулите генерално се сметаат за опасни кучиња, но приказната за мајка од Калифорнија исто така покажува дека оваа раса на кучиња може да биде нежна и да сака деца. Имено, женскиот питбул Саша успеала да го спаси бебето додека пожарот се приближувал до нивната куќа.

Латана Чај и нејзината ќеркичка Масајла одмарале во нивната куќа, кога избувнал пожар во соседната куќа. Пожарот веднаш се проширил во нивниот дом.

 

 

Латана не била ни свесна дека се случило тоа, сè додека нејзиниот питбул Саша не започна да лае во задниот двор. Излегла надвор за да види што се случува, кога видела како огнот го зафаќа и нејзиниот дом.

И требало неколку моменти да сфати што гледа и дека сите се во опасност. Додека ја вратила смиреноста и се упатила кон куќата, Саша веќе упаднала внатре. Отишла во собата во која спиело бебето, ги грабнала нејзините пелени и почнала да ја влече надвор.

Loading...

Додека мајката влегла во куќата, малечката веќе била пред влезната врата.

– Да не лаеше, немаше да излезам надвор и да забележам ништо. Покрај тоа, таа ја фатила Масајла за пелени и ја извлекла за да ја спаси. Таа нè спаси сите – вели Латана и објаснува како односот помеѓу кучето и бебето е неверојатен уште од самиот почеток: тие се родени во исто време и се неверојатно приврзани едни со други.

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *