Жените во Берлин сега можат топлес да пливаат во јавните базени

Loading...
Сподели со своите пријатели

Жените во Берлин сега можат да пливаат топлес во јавните базени доколку сакаат, исто како и мажите, објави Си-Ен-Ен.

Мерката, иако е поздравена како чекор напред кон родовата еднаквост во германската престолнина, е дел од „културата на слобода на телото“ и има корени од 19 век.

 

woman in body of water

 

Властите во Берлин презедоа акција откако, во декември 2022 година, една жена рече дека ѝ бил забранет влез во градскиот базен освен ако не ги покрие градите.

Таа поднесе жалба до омбудсманот на градското Министерство за правда, а властите се согласија дека жената е жртва на дискриминација и рекоа дека сите посетители на базените во Берлин, вклучително и жени и луѓе кои се идентификуваат како небинарни, можат да влезат без покривка.