Жените социјалдемократи од Куманово донираа во рамки на акцијата “Дарувај од срце”

Сподели со своите пријатели

Форумот на жени на ОО на СДСМ Куманово во соработка со Црвен Крст денес ја спроведе традиционалната хуманитарна акција „Дарувај од срце“.

12359942_1049924631714024_6058837750010327689_n

Loading...

Целта на оваа хуманитарна акција е да се помогне на социјално загрозените семејства во Република Македонија, преку донирање топла облека и обувки, изјави Атина Мургашанска, претседател на Форумот на жени на ОО на СДСМ Куманово.

12360252_1049925015047319_1059923670505224977_n

Инаку, хуманитарната акција се спроведе во сите градови во Република Македонија, од членките на локалните форуми на жени на СДСМ во градовите.

12376133_1049927358380418_1299161894761337140_n

Во Куманово, акцијата се спроведе во седиштето на партијата во поранешен Комитет, со почеток во 12:00 часот . По собирањето донации, тимот на Форумот на жени на СДСМ се упати кон просториите на Црвен крст и каде ја предаде собраната донација.