Користејќи податоци до 19 мај, истражувачите споредиле 19 земји водени од жени, со земји слични на нив во однос на факторите како што се население, економија, родова еднаквост, отвореност за патување, здравствена заштита, пензионери, но кои ги водат мажи.
Барем кога зборуваме за првиот бран на коронавирус, научниците докажаа дека жените, кои се на чело на државата, управуваат со кризата подобро од мажите.
Поточно, тие земји забележале пониско ниво на смртност, што не мора да биде тренд во иднина, забележува истражувањето, а пренесува Блумберг.
Истражувачите забележаа дека Финска е подобра од Австрија, Исланд и Норвешка значително подобри од Ирска, Германија подобра од Холандија и Нов Зеланд кои водат пред Велика Британија.
Истражувањето, исто така, се „дистанцира“ од тврдењето дека жените се генерално подобри лидери, но се фокусира само на управување со пандемијата ковид-19.
Доналд Трамп, на пример, е претседател на земја што бележи рекорден број смртни случаи од коронавирусот.
Се споменува и претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, кој коронавирусот го нарече „мал грип“. Од друга страна Ангела Меркел (Германија), Јасинда Ардерн (Нов Зеланд), Ерна Солберг (Норвешка), ја сфатија ситуацијата посериозно.