Жените признаваат по колку време им здосадува се*с со ист партнер

Сподели со своите пријатели

Резултатите од студијата спроведена од научници од Универзитетот во Саутемптон покажаа дека сексуалната желба на мажите е во просек иста во текот на целата врска и дека жените губат интерес за секс со истиот партнер по 12 месеци врска.

Loading...

Во истражувањето учествувале 4.839 мажи и 6.669 жени, на возраст од 16 до 74 години. Третина од жените, 34 проценти, откриле дека по една година не биле премногу заинтересирани за секс со ист партнер, а сличен одговор дале само 15 проценти од мажите.

 

 

Жените кои имаат деца помали од пет години имале најмалку волја за секс.

– Може да биде последица на замор бидејќи факт е дека секојдневниот стрес влијае на сексуалното функционирање на жената – објасниле авторите на студијата.

Многумина, покрај родителството, како причини за губење на волјата за секс, наведоа недостаток на емоционална врска, слаба комуникација, слабо ментално и физичко здравје и сексуално преносливи инфекции. Кај жените, разликата во сексуалните преференции било исто така фактор за губење интерес.

Loading...

– Нашите откритија се обидуваат да дадат одговори на прашањето зошто жените губат интерес за секс во долга врска. За жените, квалитетот и должината на врската, како и комуникацијата со партнерот, се клучни за сексуалниот интерес – наведоа авторите на студијата.

 

 

Терапевтот Аманда Мејџор вели дека губењето интерес за секс е нормална појава, бидејќи има многу причини зошто се менуваат потребите на жените и мажите.

– За некого е природно, а за некого предизвикува страдање и тага – рече таа.

Истражувањата исто така покажаа дека жените губат најголем интерес за секс на возраст од 55 до 64 години, а мажите на возраст од 35 до 44 години. Научниците истакнуваат дека губењето волја за секс нема никаква врска со менопаузата, иако тоа се случило кај жени кои припаѓаат на таа возрасна група.

Интересно е и тоа што на жените им беше полесно да зборуваат за секс отколку на мажите.

Loading...

 

Leave a Reply