Жените ја отворија душата: Ова се најбруталните увреди од свекрвите!

Сподели со своите пријатели

Познато е дека односот помеѓу свекрвата и снаата е проблематичен и честопати може да биде полн со тензии, расправии, конфликти и недоразбирања.

Loading...

Едно истражување потврди дека дури 40 проценти од жените сметаат дека нивниот однос со свекрвата е лош.

Најголемиот проблем лежи во фактот што свекрвите даваат совети кои изгледаат добронамерни, но всушност се навредливи.

Покрај тоа, кога свекрвите се мешаат во врската помеѓу синот и снаата, тоа никогаш не завршува добро.

Ви ги пренесуваме изјавите на снаите за најлошите навреди што им ги нанесувале свекрвите.

Една жена открива дека свекрвата и се јавувала на поранешната сопруга на нејзиниот син веќе три години.

„Сега сум и јас поранешна на нејзиниот син“, рече таа.

Мешањето во организација на свадби е исто така една од најчестите работи што ги прават свекрвите, па затоа не е изненадувачки што имало такви признанија на оваа тема:

Loading...

„Таа украде дел од поканите за венчавка и ги испраќаше тајно до луѓето што не сакавме да ги поканиме. Не знаевме половина од луѓето што дојдоа“.

„Кога свршеникот и рече на својата мајка дека ќе се венчаме, таа не го криеше своето незадоволство. Освен што праша дали навистина ќе го направиме тоа, таа истакна дека навистина ја сака неговата поранешна девојка – со која не е веќе шест години”, рече девојчето.

Некои свекрви не можат да се воздржат од коментар за изгледот на своите снаи, па само чекаат можност да ги навредат.

„Свекрвата ме праша дали некогаш сум танцувала балет. Одговорив дека не сум играла. Нејзиниот коментар беше дека се види на мене, бидејќи балетаните многу се грижат за своите тела”.

Прво што ми рече свекрвата кога останавме сами беше: „Чудно ми е што не си црвенокоса, син ми паѓа на црвенокоси жени.“ Не ѝ останав должна ша реков „навистина чудно и јас паѓам на црвенокоси мажи“.

Една свекрва објавила видео од вежбање на Фејсбук, ја обележала својата снаа и додала опис: „Сега веќе немаш изговор за невежбање“.

„Свекрвата му предложи на мојот сега веќе поранешен сопруг да се пријави во шоу за да ја запознае својата партнерка. Седев до него и не можев да поднесам да не кажам дека тој веќе е оженет – за мене.

На што таа рече: „Па, можеби ќе запознаеме некоја нова“. Ја мразам таа жена“, отворено признава друга.

Loading...

Leave a Reply